Удобна, лесна и пренослива лежалка со интегрирана мрежа за заштита од комарци и други инсекти
Тивок одмор без непријатни каснувања од инсекти: ќе ве заштити од сите инсекти што би го попречиле вашиот сон. Нема гребнатини, рани и болни убоди кои ви го расипуваат уживањето да престојувате во природа.
Идеална за луѓе кои сакаат да одат на кампување или планинарење!
Се поставува и собира за момент, без претходна обука и напор
Цврстата лежалка ви овозможува да спиете мирно и безбедно каде и да сте. Нема да се двоумите да ги однесете дури и вашите малечки да се дружат во природа!
Заборавете на тешките и обемни шатори и столови кои чинат многу! Со неа имате сè што ви треба и нема да ви зазема премногу простор.
Безбедна и стабилна за употреба: Направенa е од ултра лесни материјали и нема да го оптоварува вашето тело дури и за време на неколкучасовно пешачење или искачување по планини
Нема повеќе да се будите во текот на ноќта поради чувството на влага или шушкање околу шаторот. Оваа подигната лежалка ќе ве заштити од шумски животни, инсекти и временски услови.
Идеална за летни вечери во градината: Уживајте додека го читате вашиот омилен роман и пиете освежителен пијалок. Мрежата овозможува слободен проток на воздух.
Вградена компактна вреќа за складирање на предмети
Лесно се чисти и суши за неколку минути
Доаѓа во комплет со сите додатоци за инсталирање за само неколку минути
Овие мини алатки за градина се совршениот додаток за секој градинар или љубител на природата. Со нивна помош, ќе можете да уживате во работата во вашата градина и да ја негувате со леснотија и задоволство.
Градинарството на свеж воздух и сонце е совршен начин за ослободување од стресот кога ги имате соодветните алатки
Совршени за садење, копање, отстранување на плевел, дробење и ситење на почвата
До совршена зелена површина со Hydro Mousse системот за брз раст на трева и кај најтешко растечките површини!
Комплетот Hydro Mousse се состои од шише со прскалка и специјален раствор за поттикнување раст на трева (напомена: НЕ вклучува семе за трева!)
Семето го купувате самите и го мешате со растворот.
Хранливиот раствор содржи корисни елементи кои промовираат раст на тревата
Во составот има и лепила безбедни за почвата, кои обезбедуваат рамномерно распоредување по почвата
Шишето-прскалка се прицврстува на кое било градинарско црево – на овој начин можете да распрскувате трева насекаде
Лесен за нанесување, обезбедува совршено решение за сопствениците на тревници на кои им е потребна поправка (нема повеќе празни места на вашата зелена површина)
Со овој раствор се пополнуваат и места каде што никако не може да порасне трева, места кои редовно се газат и површини под сенка
Растворот содржи зелена боја – со цел да се види колку рамномерно е испрскан составот
Сите состојки на Hydro Mousse се еколошки безбедни за луѓето, животните и околината
Димензии на шише-прскалка: 24 x 23 x 12cm
Количина: 230гр. – раствор доволен за покривање на површина од 10m2
Во оваа понуда добивате 6 соларни декоративни светилки кои создаваат прекрасен амбиент и пријатна атмосфера во вашиот двор
Доаѓаат со шило кое се всадува в земја, па така можете да ги ставите покрај патеки, во тревници, градини, во саксии на тераса, покрај вашето омилено растение или декорација во дворот за дополнително да ги истакнете итн.
Шупливиот абажур обезбедува живописен изглед, дава уникатна светлина и сенка
Соларно напојување: на врвот на секоја светилка има соларен панел кој се напојува преку сончева светлина
Светилките автоматски се полнат во текот на денот, потоа автоматски се вклучуваат да светат на зајдисонце и светат се до зори
Ниво на водоотпорност: IP65, безбедно за користење при сите временски услови
Материјал: ABS пластика
Прекинувач за вклучување/исклучување
Не е потребно посебно инсталирање, или струјно поврзување, само вклучете ги и наместете ги светилките
Вградена батерија на полнење: АА 1,2V NI-MH
8 лумени
Светлина: топла жолта LED
Време на осветлување: 6-8h со целосно наполнета батерија
Тестер за анализа на земјата (почвата) – создадете оптимални услови за раст и развој на вашите цвеќиња и растенија!
Прецизно мерење на светлината, влажноста, температурата и pH вредноста на почвата – сеопфатна слика за состојбата на вашата почва
За побујни и поздрави растенија
Навремено откријте ги потенцијалните проблеми, како што се недостаток на светлина, прекумерна влажност или несоодветна pH на почвата и преземете соодветни мерки, за да ги решите пред да предизвикаат оштетување на растенијата
Ефикасно одржувајте ја вашата градина и заштедете време и пари на неефикасни методи за решавање на проблеми со почвата
Нема повеќе грижи за прекумерно наводнување или недостаток на вода
Следете ја киселоста или алкалноста на почвата (овој податок е од суштинско значење за правилното навлегување на хранливите материи од растенијата)
Спречете го недостатокот или прекумерната концентрација на одредени хранливи материи, што може да доведе до проблеми со растенијата
Со мерење на нивото на сончева светлина, ќе можете да го изберете вистинското место за садење – различни растенија бараат различни нивоа на сончева светлина
Се користи лесно и едноставно – само вметнете ја сондата во земја (околу 10cm), почекајте неколку секунди и прочитајте ги резултатите на екранот. Отстранете ја сондата од земјата и исчистете ја по секоја употреба.
За мерење во затворен или отворен простор
LCD екран со позадинско осветлување
Работи на 4 x AAA 1.5V батерии (не се вклучени)
Материјал: пластика, нерѓосувачки челик
Работна температура: 5-40°C
Напомена:
-Не е погоден за мерење состојба на течности, не користете го за тестирање на било кој вид течност. Може да се користи само за тестирање на почва.
-Ако почвата е премногу сува, истурете малку вода и обидете се повторно за половина час
-Начинот на земање на просечната вредност е преку тестирање на повеќе точки во земјиштето
-Внимавајте да не допирате камења кога ја вметнувате сондата
-Не употребувајте прекумерна сила, бидејќи може да ја оштети сондата
-Инструментот не треба да биде долго време вметнат во почвата, бидејќи може да дојде до оксидативно оштетување на сондата
-По употребата да се чува на суво место
Get access to your Orders, Wishlist and Recommendations.
Signup
Your personal data will be used to support your experience throughout this website, to manage access to your account, and for other purposes described in our полиса за приватност.
There are no reviews yet.