Елегантна и функционална масичка за лаптоп или таблет, изработена од висококвалитетна 14 mm иверка од прва класа.
Има ергономски заоблени рабови, обложени со ПВЦ трака од прва класа, која овозможува заштита од лесни оштетувања.
Ногарките се заоблени и обложени со нелизгачки материјал, што ги прави стабилни и овозможуваат лесно склопување за поедноставен транспорт.
Масичката е идеална за различни активности како пишување, цртање, читање книга или дури и за уживање во оброк во кревет.
Можете да ја користите додека седите, лежите, или додека работите на под, кревет – буквално на кое било место во домот.
Оваа масичка за лаптоп е совршен избор за оние кои често работат од дома, обезбедувајќи удобност и стабилност при работа, без грижа за лизгање.
There are no reviews yet.