EZSTAX – Oрганизер за облека или документи
Спас за вашите ормари и работни маси! Збогум за неуредните полици и растурени купишта облека!
- За 10 парчиња кошули, маички, или пак, документи.
За плакари: Оваа направа на преклопување делува како тенка мини полица, која ќе ви овозможи уредно и лесно да ја организирате вашата облека. Извлечете го омиленото парче облека без да го растурите купот – за секое парче облека има посебна преграда.
За работна маса: Организерот може да послужи како папка за документи, одличен за складирање повеќе ставки – сметки, изјави, потврди, ваучери, купони и друг вид документи.
За патни торби и куфери: Иновативен организер за багаж! Совршено ќе се смести во вашиот куфер за лесно организирање на вашата облека за патување – превенира набирање и растурање на облеката.
За шпајзови: Користете го за организирање на хартија, ткаенина, уметнички материјали, занаетчиски материјали, училишен прибор итн.
Куфер со прилагодливи димензии | Куфер за патување
- Куфер кој може да се прилагодува според вашите потреби!
- 3 нивоа со патенти – куферот може да се собере или издолжи по ваша желба
- Димензиите се претставени на сликите
- Премногу практичен за користење, како и за складирање
- 5 ротирачки тркалца 360° за стабилно и лесно ракување
- Изработен од 100% полиестер
- Капацитет: 45-94L
- Широка примена: за семејно/службено патување, кампување, за во вежбалница, за храна, за складирање…
Монтажен гардеробер 88130
- Монтажен платнен гардеробер за складирање облека, постелнина и сл.
- Конечно ќе си ја подредите облеката и предметите во собата, а истовремено секогаш ќе ви се при дофат
- Гардероберот има прекривка која можете да ја соберете или пуштите – дозволува слободен проток на воздух, а истовремено ги штити алиштата од прашина
- Лесно се монтира и расклопува – потребни се 10-15 минути за да се состави гардероберот. Не се потребни алатки!
- Зафаќа малку простор
- Се вклопува во секоја просторија
- Конструкција од нерѓосувачки челик + ABS + платно
- Димензии: 130 x 45 x 175cm
При селење или реновирање, често се јавува проблемот со складирање на облеката. Алиштата треба да бидат компактно складирани, во исто време достапни и да не се валкаат со прашина. Многу луѓе во такви ситуации чуваат работи во обични картонски кутии, но тоа е нефункционално и естетски непривлечно. Овој гардеробер е решението за сите ваши потреби за складирање!
Организер за долна облека – 3 парчиња
Со оглед на тоа дека облеката доаѓа во различни големини, Ви обезбедивме пространи организери со прегради кои можат да одговараат на различни типови облека.
- Проѕирниот дизајн овозможува лесна видливост на предметите, со што е лесно да се одбере што ви треба, без да се преплетувате низ купишта облека
- Компактни за складирање: можете да ги наредите еден врз друг за да заштедите простор во плакарот или фиоката
- Издржливи: направени од висококвалитетен флексибилен материјал, 100% полиестер
- Лесно се чистат и одржуваат, обезбедуваат долготрајна употреба
- Елегантен дизајн, совршен додаток на секој плакар за естетски пријатен изглед
- Овозможува брза и лесна организација на облеката, а со тоа заштедувате време потрошено за пребарување низ истата
- Зазема минимален простор во плакарот, со што ви овозможува да создадете повеќе место за складирање на дополнителна облека или предмети
- Ги штити алиштата од прашина, нечистотија и други фактори на животната средина, што може да го продолжи животниот век на вашата облека
Во понудата доаѓаат 3 организери со прегради за складирање:
– Организер за складирање чорапи со 11 прегради (32 x 12 x 12cm)
– Организер за складирање градници со 6 прегради (32 x 32 x 12cm)
– Организер за складирање гаќи со 7 прегради (32 x 12 x 12cm)
Организер за облека – Фламинго
- Организер за складирање облека кој може да се смести во вашиот плакар или фиока
- 8 прегради
- Складирајте долна облека, чорапи, вратоврски, шалови, градници, аксесоари, маички итн.
- Заштедува простор и овозможува лесен пристап до работите – ќе ви помогне да намалите 50% од времето за облекување
- Флексибилен е, може да се преклопи кога не се користи
- Направен од многу издржлив материјал (полиестер)
- Дезен со розови фламинга
- Димензии: 40 x 25cm
Сталажа за облека и обувки 6602
- Модерна и компактна, единечна или двојна сталажа
- Обезбедува дополнителен простор за вашата облека, а може да се употребува и за сушење на алишта
- Ќе ви овозможи брзо да ги поставите облеката и чевлите во ходникот или во било која друга просторија каде што ви е потребна сталажата
- Лесна за монтирање, стабилна и издржлива (носивост: 25kg)
- Со закачалки за чанти и додатоци, како и полица за чевли
- Тркалца за полесно движење на сталажата
- Материјал: хромиран метал со заштита од корозија
- Може да се примени во ходникот, спалната соба, детската соба, канцеларијата, бутик за облека…
- Димeнзии: 80 x 45 x 140-150cm